Германски дипломат е уапсен откако повикал полиција тврдејќи дека неговиот сопруг, по потекло од Белгија, паднал по скали и починал.
Тој рекол дека на мажот му се слошило, дека паднал во бессознание и во таа прилика се здобил со повреди во пределот на главата како последица од паѓање по скали, од што починал.
Истражните дејствија на полицијата и обдукцијата и од станот во Рио де Жанеиро се спротивни на неговото тврдење, изјави портпаролката на полицијата Камила Лоренко.
На телото на починатиот сопруг биле констатирани модринки кои можеле да настанат со клоци.
Исто така, додала дека имало и повреди кои укажуваат на напад со цилиндричен предмет.
Полицијата на Инстаграм објави фотографии од станот на дипломатскиот пар на кои се гледале дамки од крв.
Локалните медиуми јавија дека германски дипломат, кој работи во Генералниот конзулат на Германија во Рио де Жанеиро, се обидел да ги отстрани трагите пред да пристигне полицијата.
Инаку, Германецот и неговиот белгиски сопруг биле во брак 20 години.