На најпознатата плажа во Хрватска Зрче на островот Паг синоќа избувнал голем пожар.
Како што пишува „Јутарњи лист“, со пожарот се борат и пожарникари од Доброволната противпожарна бригада на Новаља.
ХАК јавува дека сообраќајот на државниот пат ДЦ106 Паг-Новаља во Новаља е во прекин поради пожарот кој избувнал околу 3 часот утринава.
Откако бил забележан пожарот, клубовите на плажата Зрче веднаш ги упатиле гостите кон излезите и кон автобусите и такси-возилата за што поскоро да ја напуштат плажата.
https://twitter.com/i/status/1556835815317278721