Скопјанецот Иван (30) кој кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа од страна на грчките спасувачки служби ја раскажа својата шокантна приказна за преживувањето и спасувањето. Неговиот пријател, 31-годишниот Мартин Јовановски се` уште не е пронајден и покрај опсежната и секојдневна потрага во која освен грчките служби, беа вклучени и волонтери и пријатели од Македонија.
“Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места. Тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат – вели Иван, опишувајќи низ што поминал и што размислувал во тие тешки часови.
Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час. Иван излезе како победник… По 20 часа на море сам и беспомошен, кошмарот заврши.
Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој помина и кој го опишув за грчката телевизија СКАИ.
Иван овој роденденски подарок никогаш нема да го заборави. Еден месец подоцна, во разговор со новинарот Христос Николаидис го опишува времето на теророт, кога струите го носеле од плажата Мити до Посеиди на Халкидики каде го прославувал својот роденден, 15 наутички милји подалеку, јужно од Касандра.
Во тие моменти противник му е студот и темнината. Иван многу карактеристично го опишува „мирисот на смртта“ кој се чувствува кога во текот на ноќта нема надеж за спасување.
“Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок – рече Иван.
Сето тоа додека една топка не му ја промени судбината…
Да, најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето, вели Иван за топката, која иако издувана, го одржа во живот додека со часови беше во вода.
Ја најдов топката во морето и допливав кон неа и ја држев со раце. Таа беше малку издувана. Беше разочарувачки. Но, тој не се откажа, продолжи да се бори со брановите, цврсто држејќи се за истата топка што двајца браќа ја загубија во Лемнос 10 дена претходно.
“Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување без разлика на нивната улога – изјавува Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.
Сега Иван се обидува да го заборави тоа што се случи, но никогаш нема да престане, како што вели, да ги води сопствените битки, објави грчката телевизија.
Кратко по исчезнувањето на 9.јули од морето е извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски официјално, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат по бреговите на Халкидики.