Српската актерката Теодора Бјелица моментално одмора на море, а на социјалните мрежи ја искористила можноста да сподели фотографии во костим за капење кои ги оставаат мажите без здив.
За неа најпрвин слушнавме како за ќерка на актерката Гордана Бјелица која се прослави со улогата на секретарката на Бебе во серијата „Среќни луѓе“, а потоа нејзината кариера тргна во нагорна линија.
Соработуваше со Сека Саблиќ, Цеца Бојковиќ и Марко Јанкетиќ во серијата „Тројца мажи и тетка“, а во филмот „Јужен ветер“ се појави рамо до рамо со Милош Биковиќ. А моментално ја гледаме во популарната серија „Воздухопловци“.
Иако е доста успешна во светот на глумата, подеднакво е застапена и во светот на модата, каде ретко која актерка може да ѝ парира. Често се фотографира за разни светски списанија, а неодамна беше и на насловната страница на американскиот моден магазин „Гледис“.
Актерката веќе неколку дена ужива на море, по што се враќа во Србија за да продолжи да работи на нови проекти.