Арјан Тасе, поранешен началник на градската полиција на Химара на југот на Албанија, е обвинет за убиството на 7-годишната Јонада Авдија, што се случи во вторникот на плажата Потами во Химара.
Седумгодишното девојче загинало откако Тасе ја удрил со чамец додека седела на морскиот брег. Тасе тврди дека изгубил контрола над возилото, но очевидци тврдат дека вршел опасни маневри и дека се возел преблиску до брегот.
Авдија летувала со семејството на плажата Потами.
“Дојде со голема брзина кон мене и неа. Нурнав, а чамецот директно удри во ќерка ми, изјави Бледар Авдија, татко на 7-годишната Јонада, по несреќата.
„Блиц“ пишува дека Тасе се степал со таткото по инцидентот на плажата. На социјалните мрежи е објавено видео на кое наводно може да се види физичка пресметка меѓу нив двајца.
Авдија за локалните медиуми изјавил дека тој и неговата ќерка биле на плажата Потами тој ден кога видел бел глисер со две лица како доаѓа кон него со голема брзина. Вели успеал да нурне за да го избегн, но чамецот потоа со дел од моторот удрил во неговата ќерка.
Tuča u Albaniji pic.twitter.com/g14yGP9Xw5
— sportsscandals (@sportsscandals1) August 5, 2022
Полицијата соопшти дека 7-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди при ударот од пропелерот на моторот и дека починало на лице место.
Инспекторите велат дека Тасе ги однел членовите на неговото семејство од Порто Палермо на плажата Потами.
Тасе првично беше обвинет за убиство од небрежност, но обвинението на крајот беше отфрлено и потоа беше обвинет за тешко убиство.
Отпуштени се 15 полицајци кои тој ден ја чувале плажата.
Тасе требаше да се појави на суд во петок.
Поради смртта на девојчето избувнаа протести, а десетина демонстранти се судрија и со полицијата во главниот град Тирана.