Познатата водителка Милена Антовска-Станковска објави фотографија во бикини, покрај која напиша дека не е задоволна од моментална тежина и тоа како изгледа нејзиниот стомак.
Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку:)
Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика 😂
Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите.напиша водителката.