Роби Вилиамс се пожали на ситуацијата со трансплантација на коса во интервју за BBC Radio 2.
„Никој нема да ми ја пресади косата затоа што косата ми е премногу тенка“, изјави пејачот.
“Не можам да пијам никакви апчиња бидејќи ме прават депресивен. Само ќе морам да прифатам дека на Роби Вилијамс му паѓа косата. Таа станува се поретка и потенка”, додал тој.
Вилијамс бил подложен на успешна трансплантација на коса во 2013 година, но неговата коса почнала да се слабее пред две години. Потоа почнал да се лекува со скапи инјекции со фоликули на коса. Овие инјекции треба да го стимулираат растот на косата, но во неговиот случај не го дале посакуваниот резултат.
“Тоа ме чинеше цело богатство, две мали инјекции. Чинеа колку куќата на баба ми”, рече Вилијамс. Тој признава дека му било кажано дека тоа ќе му ја зајакне косата, но во изминатите седум месеци не забележал никаква разлика.