Елизабет Харли (57) неодамна ја воодушеви публиката со кратко видео на кое скока во ситно сино бикини со златни детали и гордо ги покажува своите атрибути.
Очекувано следеа бројни комплименти. „Божица во сино“, „Каков оган“, „Убава“, и напишале.
Актерката во една прилика истакнала дека позира само во бикини за да ги рекламира, а смета дека е „веќе престара за да парадира во бикини на јавна плажа“. Покрај тоа, таа изјавила дека „искрено се надева дека нема да го прави ова кога ќе влезе во седмата деценија“, а во секој случај, повеќето ќе се согласат дека нема причина за тоа – актерката изгледа спектакуларно и нема причина да се крие!