Прославениот бразилски напаѓач Роналдо (45) деновиве е снимен на одмор со неговата 13 години помлада девојка Селина Локс.
Бразилецот одмора на Ибица, а фановите ширум светот уште еднаш се изненадија од неговата форма.
Имено, поранешниот најдобар светски фудбалер се здебели многу откако се повлече од фудбалот.
Денеска е сопственик на шпанскиот прволигаш Ваљадолид, а се чини дека еден од најдобрите фудбалери во историјата не обрнува премногу внимание на тоа што јаде.
Роналдо проблеми со килажата имаше и за време на играчката карера, нормално, далеку од ова сега.
Инаку, по играњето во Крузејру замина во Европа каде најпрвин го облече дресот на ПСВ, а потоа играше за Барселона, Интер, Реал и Милан.
На крајот од кариерата настапуваше за бразилски Коринчјанс, додека за бразилската репрезентација собра вкупно 98 натпревари и постигна 62 гола, а го предводеше Бразил до светската титула на Мундијалот во 2002 година.