Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се огласи на Фејсбук во врска отказите на сите вработени од Претпријатието за енергетика на Град Скопје „Градски енергетски системи” (ГЕС), посочувајќи дека тие три години трошеле пари на граѓаните за високи плати, не работејќи ништо.
– Некој кој формираше претпријатие во кое три години вработените трошеле пари на граѓаните за високи плати не работејќи ништо, најмалку што треба да направи е да се скрие од јавноста наместо да ја истакнува својата неодговорност кон средствата на граѓаните во време на криза, напиша на Фејсбук градоначалничката Арсовска.
Според неа, ГЕС, неговиот управен одбор, директор и вработени за три години потрошиле повеќе од милион евра пари на граѓаните, без да реализираат ниту една активност.
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил, објави пет точки, нарекувајќи ги „упатство за користење на ГЕС”.
– И да. Многу е поедноставно да ги избркаш луѓето и да го згаснеш ГЕС, затоа што во реализација на кратково упатство има бајаги работа, детали, управување со процеси и луѓе. Има дури и експропријација. Сепак, ГЕС не е тартан…, напиша Шилегов.
Инаку, сите вработени од ГЕС денеска дадоа отказ поради не примање плата веќе три месеци, а затоа што повеќе месеци биле без здравствено осигурување.
Претпријатието е формирано за време на раководењето на поранешниот градоначалник н а Скопје, Петре Шилегов, за да ја преземе топловодната мрежа во градот, но не доби лиценца за тоа.