Скандал на вечерашното отворање на прославата за Иинден од страна на Владата на Ковачевски. Во текот на изведбата на добро подготвената програма, песната “Во борба, во борба“ беше едноставно искасапена, а од неа беше исфрлена втората строфа после првиот рефрен во која се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“, што претставува спој на борбата на Илинденците од 1903 година и на партизаните од НОБ кои се борат додека над главите знамето на Гоце се вее.
Впрочем еве ја целата строфа која беше исфрлена при изведбата:
“Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее,
во гори, полја и на сите страни,
фашистичка крв насекаде се лее.“
Инаку целата песна, во збирката на Кочо Рацин која посмртно е објавена (Збирката е пронајдена во неговата чанта), а која ја напишал Владо Малески, гласи вака: