Здравјето на рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш е доведено во прашање откако денеска се појавија нови снимки на кои се гледа дека рускиот претседател навидум не може да ја користи десната рака, пишува Дејли Мејл.
Видеото го овековечи моментот кога Путин (69) беше во обиколка во воениот музеј како дел од свечености по повод Денот на руската морнарица, кој се слави во последната недела од јули.
Шефот на Кремљ е виден како разговара со Ксенија, ќерката на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кога комарците или некои бубачки почнуваат да брмчат околу десната страна од неговото лице, но Путин ја крева левата рака во обид да ги тргне, додека десната му виси.
Тие продолжуваат да го напаѓаат и тој удира со едната рака пред да оди и видно да куца покрај Ксенија додека таа ја продолжува својата обиколка.
Клипот е најнов во серијата видеа на кои се гледа како рускиот претседател куца, вклучувајќи чудни грчеви на стапалата и нозете и некоординирано движење,пишува Дејли Мејл.
Во последниве месеци, имаше различни шпекулации во врска со здравјето на рускиот лидер.
Телеграмскиот канал General SVR, за кој се вели дека го води поранешен офицер на руската служба за надворешно разузнавање, долго време известува за наводното здравје на Путин и неодамна сугерира дека понекогаш го заменува неговиот двојник за време на јавни настапи во периоди на лошо здравје.
Каналот сугерира дека Путин имал „тешка мачнина“ минатата недела и дека лекарите биле покрај неговиот кревет повеќе од три часа.
Теоријата за дублерот ја повтори и шефот на украинската воена разузнавачка служба, кој шпекулира дека можеби наместо него дошол неговиот двојник на неодамнешната посета на Техеран.
Тоа беше втор пат Путин да биде во странство откако е започната инвазијата на Украина пред повеќе од пет месеци.