Случајот со исчезнувањето на Ален Хосу може да се смета за затворен. По четири недели не контактирање со својата партнерка, мајка на нивната ќерка, тој се покажал на малите екрани, на целата држава, во моментот кога камерата го фатила во друштво на неговата љубовница.
Алан во средата ја однел својата нова избраничка на фудбалски натпревар од мексиканската лига меѓу Монтереј и Пуебла, а сите можеле да насетат дека нешто не е во ред кога Алан почнал да го крие лицето пред камерите.
https://twitter.com/i/status/1552139223523741696
Многу брзо станало јасно зошто, имено, Алехандра Сото се огласила преку Фејсбук и објаснила дека речиси еден месец неуспешно се обидува да стапи во контакт со Ален, пренесува порталот Vanguardia.
Притоа, таа истакнала дека во тој период не му испратил ниту денар на своето дете, па му рекла дека повеќе не мора да се враќа дома, дури ниту да си ги земе работите.
Приказната до овој момент ја пренесоа бројни латиноамерикански портали, но досега никој не успеал да дојде до Алехандра или Ален за да дознае повеќе детали за оваа малку бизарна приказна.