Пожарот, кој избувна во шумската област во близина на Мармарис во Мугла, се заканува на познатото одморалиште во Турција.
Додека во гаснење на пожарот од копно интервенираат 34 екипи со возила и 5 градежни машини, од воздух со пламените јазици се борат 10 хеликоптери и 5 авиони.
Пожарот избувна во шумската област на стрмното земјиште во областа Сариалан Ков, во близина на автобуската станица.
По известувањето, во регионот биле испратени екипи за гаснење пожар на регионалната управа за шумарство Мугла.
Медиумите јавуваат дека пожарот брзо се шири кон куќите и зафатен е еден хотел , од каде населението и туристите бегаат во паника.