Пејачката Викторија Лоба, сношти специјално се дотера за промоцијата на новиот албум „Нов свет“. Во ресторанот “Фор“, таа облече секси фустан со деколте и шлиц.
Албумот има и своја англиска верзија „New World“.
На настанот , Лоба и Марга Сол настапија со песните „Она вистинско“, „Девет работи“ “Алл тхе лове“ и „Нов свет“ кои се дел од новиот албум. Промоцијата помина во одлична атмосфера, а Марга Сол ги забавуваше гостите до самиот крај.
На настанот дојдоа многу пријатели на Викторија меѓу кои се Роберт Билбилов и Тајзи со кои Лоба има остварено дуети на албумот.