Танасис Зервас ненадејно почина вчера на плажата на островот Сифонс, а наодите од обдукцијата покажуваат дека причина за смртта биле кардиореспираторна инсуфициенција, исхемија на миокарот и пулмонален едем.
– Ги чекаме и лабораториските наоди за да ја имаме целата слика. Телото ни е предадено со назнака дека починатиот е заразен со корона вирус, но засега не знаеме точно. Ги чекаме резултатите, изјавил шефот на форензичката служба Илијас Бујукас.
Медиумите пишуваат дека младиот човек на 25 јули добил температура, и дека земал антипиретици. Еден ден подоцна отишол да се тестира и добил позитивен резултат. Сепак, не сакал короната да му го расипе одморот.
Зервас вчера отишол на плажа со другарите во близина на кампот каде што престојувале. Пријателите велат дека седеле заедно кога тој одеднаш се пожалил на силни болки во стомакот. Додека неговите пријатели се обидувале да му помогнат, младиот човек почнал да повраќа, а по 15 минути паднал и изгубил свест.
Брзата помош веднаш пристигнала на плажата и го однела во Здравствениот центар на островот, каде лекарите се обиделе да го реанимираат. За жал, младиот човек не можел да се спаси и била констатирана смрт. Лекарите наводно тогаш му направиле уште еден тест, а момчето било позитивно.