Во текот на вчерашниот ден биле забележани околу 20 искршени автомобили со македонски регистарски таблички во грчките туристички места Калитеа и Афитос. Оваа информација, заедно со фотографии кои го сведочат инцидентот, беше објавена во Фејсбук групата „Грција во живо“.
„Ни пристигна известување дека пред околу еден час им се искрешни стаклата на неколку автомобили (се претпоставува дека се околу 20) со македонски регистарски таблички во Калитеа и во Афитос.
Ова е срамен чин на најобични будали, врз основа на кој цел еден народ ќе биде окарактеризиран како таков.
Ако некој од вас е меѓу нив, веднаш појдете во полиција во Касандра, многумина веќе пријавиле и инсистирајате да ги погледнат камерите на целиот пат бидејќи тоа не се случило на едно место, туку на неколку локации“, напиша Ивана Станојевиќ, член на групата.