Никола Саркози (68), поранешниот претседател на Франција и поранешна прва дама, моделот Карла Бруни (54) уживаат на својата јахта крстарејќи по брегот на Средоземното Море.
Додека Никола опуштено уживал во скокањето во морето – не го криел заоблениот стомак и очигледниот вишок килограми. Ова не ѝ пречи ниту на неговата сопруга Карла, која го гушкала и бакнувала за време на целиот одмор.
Меѓутоа, кога станува збор за личниот изглед, Карла Бруни е ригорозна. Неодамна изјавила дека се труди да ја задржи својата виткост како модел.
Поранешната прва дама на Франција вели дека секој ден вежба по два часа на велосипед, пилатес и вежби за ‘рбетот, за да биде затегната и витка.
Карла неодамна ја видовме на пистата за време на ревијата на Балмен и Ив Сен Лоран, а манекенката во таа прилика изјави дека е чудно што повторно е на пистата, овојпат со модели кои би можеле да ѝ бидат деца.
Таа призна дека оди на психолошка терапија за да го прифати стареењето, но и да го подобри квалитетот на бракот со Саркози.
„Можеби имам силуета и стил, но вложувам неверојатни напори да останам слаба: два часа спорт на ден, малку пилатес, малку велосипед за вежбање… Убавината е и непријатност“.
Бруни во едно интервју изјави и дека сака да ѝ пренесе неколку вредни животни лекции на својата ќерка и дека се надева дека нејзините деца ќе пораснат во добри луѓе.