15-годишно момче е уапсено и обвинето за убиство на својата девојка, 14-годишно девојче, кое било пронајдено мртво во домот на нејзиното семејство во Мејн.
Ејдан Грант беше уапсен во саботата под сомнение дека е поврзан со смртта на Брук Меклафлин.
Девојчето го пронашла нејзината мајка Ребека во нивниот дом на 18 јули околу 18 часот.
Како што се испоставува, Брук била во врска со осомничениот од февруари 2022 година. Ајдан на 13 февруари објави статус на Фејсбук дека е во врска со Брук, а како профилна фотографија ги објави двајцата како се бакнуваат со огномет во позадина. Фотографијата е со коментар: „Мое се“