Според последните проекции на Обиденетите Нации, Македонија ќе има огромен пад на населението до 2100 година, односно 28,78 отсто од своето население. Според процентот Македонија е на 24 место во светот според големината на падот. Од 2,088 милиони жители, тогаш ќе има 1,487 милиони.
Најголем пад кај населението е предвиден за Молдавија (53,8 проценти), потоа Бугарија (50,5 проценти) и БиХ на третото место.
Најголем пораст на населението се предвидува главно во африканските земји. Се предвидува дека населението во Нигер ќе се зголеми за 761 проценти во 2100 година од сегашните 24 милиони на 209 милиони.