Целосен појадок за 1,5 евро, ручек за 3,5! Да, добро прочитавте. Сутоморе, Бар. Местото кое со години важеше за едно од најприфатливите на црногорското приморје, не ги изневери туристите кога се во прашање цените.
На интернет се појави видео со цени од ова место, кои реално гледано се повеќе од поволни. На пример, во ресторан килограм скара се нуди за околу 526 денари, цело печено пилешко за 315 денари, а 8 ќебапи чинат само 150 денари.
Три топки сладолед чинат 1 евро во Сутоморе годинава, додека сите го критикуваат црногорското крајбрежје за „претерани цени“.