Георгина Родригез ги запали социјалните мрежи откако објави видео на Инстаграм, девојката на Кристијано Роналдо на штикли и со танга го покажа задникот и новиот имиџ.
На почетокот од јули, Георгина Родригез беше на мета на јавноста, имаше многу забелешки за нејзиниот изглед откако се појавија слики од одморот на Мајорка.
Девојката на Кристијано Роналдо сега одговори со провокативно издание на Инстаграм. На штикли и со танга, Георгина Родригез ги покажа своите атрибути и за кратко време собра 2 милиони лајка.
Многумина ѝ оставија стикери „оган“, сугерирајќи дека Џорџина е „пожешка“ дури и од топлотниот бран „Луцифер“ кој деновиве го зафати Балканскиот полуостров.
Не толку одамна, луѓето коментираа дека сепак е „крв и месо“ и дека раѓањето оставило повеќе трага овој пат.
Потсетуваме, таа и Роналдо во април добија второ заедничко дете, но второто кое го носеше за жал почина.