14-месечно дете почина во автомобил откако татко му заборавил да го однесе во градинка, пренесуваат регионалните медиуми.
Таткото заборавил да го однесе четиринаесетмесечното бебе во градинка и ја оставил во автомобилот, а потоа тргнал на работа. Детето починало во автомобилот, најверојатно од задушување и дехидрација, пренесува „Дневник.хр“.
Покрената е истрага откако во средата попладне детето било пронајдено починато на паркинг на аеронаутичка компанија во Бордес, југозападна Франција.
Мајката на детето прва се јавила во итната помош откако сфатила дека нејзиното дете не е во градинката.
Итната помош пристигнала на местото околу 17 часот. Неуспешно се обиделе да го реанимираат детето, пишуваат агенциите.
„Никој не слушнал ни најмал шум“, рекол јавниот обвинител, пренесува „Дејли мејл“.