ГО ПРОМАШИЛ ПАТОТ: На Халкидики влета автомобил во Егејско море (ФОТО)

by Тони Зографски

Во водите на Егејското море вчера напладне на Халкидики, поточно во Куцупија Санис, влета автомобил, јавуваат грчките медиуми.

Имено, човекот што возел малку се занел, го промашил патот и завршил во морето. За среќа никој не е повреден, и како што е наведено во описот на фотографијата, од автомобилот сами излегле маж (78) и жена (58)  и не пријавиле повреди.

Прелиминарна истрага ја врши пристанишен оддел на префектурата  Неа Мудања при Централното пристаниште во Солун.

 

останати вести