ДРАМА ВО САД: Се запали воз, патниците бегале преку прозорците (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од воз кој се запалил вчера во областа Бостон на мостот на реката Мистик, додека патниците во паника ги кршеле прозорците за да излезат.

Главниот вагон се запалил, а на снимката се гледа како патниците бегаат од возот. Некои дури скокнаа од мостот. Наводно, во возот имало околу 200 луѓе.

Извршниот директор на МБТА, Стив Пофтак, им се извини на патниците за инцидентот. Пофтак рече дека тоа е застрашувачки настан.

Тој на прес-конференцијата рече дека несреќата ја предизвикало парче метал на обвивката кое се откачило и дошло во контакт со друга шина низ која течела струја.

За среќа, ниту еден од патниците не е повреден при евакуацијата.

останати вести