Поранешната порно ѕвезда и модел на OnlyFans, Миа Калифа, изјави дека да се биде во војска е полошо отколку да се биде на OnlyFans, барем кога се работи за „продавање на телото“.
Калифа гостуваше во емисија на која беше прашана дали има разлика меѓу OnlyFans и секс индустријата и актерите.
„Го имаме OnlyFans на една страна и ги имаме секс индустријата и актерите. Постои ли разлика меѓу тие индустрии? Или сите ние во суштина, на некој начин ги продаваме нашите тела?“, праша водителката Зиве Фумудо.
„Искрено, мислам дека според критериумите на продавање тело полошо е да бидеш во војска отколку на OnlyFans бидејќи во војска телото го продаваш на владата“, смета Калифа.
Зиве овој разговор го сподели на TikTok, а коментарите се поделени.
„Што кажа погрешно?, „Има вистина во тоа што го кажа“, „Во војска барем правиш нешто корисно за општеството“, „Да се служи во војска не е срамота“, се дел од реакциите.