ПАПАРАЦИ ТАЈНО ЈА СЛИКАА МОНИКА БЕЛУЧИ: Погледнете како се однесува кога мисли дека никој не ја гледа (ФОТО)

by Тони Зографски

Моника Белучи (57) важи за личност која максимално ужива во животот. Не дозволува озборувањата да ја потресат, да ѝ го нарушат мирот.

Деновиве таа е во Шпанија каде деновите ги поминува во добро друштво и чаша бело вино.

Облечена во црна, проѕирна блуза и широко цветно здолниште, Моника изгледа опуштено и што е најважно – задоволно.

„Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојата слика во огледало повеќе нема да ме прави среќна? Исто како што правеше мајка ми. Нема да се гледам во огледало – ќе ги гледам моите деца”, рече еднаш Моника, а жените ширум светот како неа изреката ја поздравија со аплауз.

Токму поради таа изрека, Моника не дозволува натписите за помладата сопруга на поранешниот сопруг да ѝ го нарушат мирот. Таа го зема најдоброто од животот.

„Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие признаваат дека сте подобри“, е еден од нејзините познати цитати, а речиси можеме да се согласиме со неа и да ѝ завидуваме на мирот со кој зрачи.

 

останати вести