Српската водителка и модел Нина Сеничар (36) се омажи за своето долгогодишно момче, актерот Џеј Елис (40), на интимна свадбена церемонија во Тоскана, Италија.
Свадбата се одржа во Villa Mangiacane, опкружена со лозја и маслинки, a магазинот Vogue објави посебна сторија и фотосесија од свадбениот ден на младенците.
Невестата носеше венчаница од Dolce & Gabbana, а изгледот го надополни со дијамантски обетки позајмени од нејзината најдобра пријателка и прстен наследен од нејзината баба, па рече:
„Чувствував како и таа да е до мене“.
На свадбата беше присутна и нивната 2-годишна ќеркичка Нора која фрлаше цвеќе.
Сепак, актерот кој е актуелен со улогата во Top Gun: Maverick тврди дека во еден миг пред да го каже судбоносното „Да“ почувствувал силна паника.
„Имаше еден момент додека стоев пред сите и чекав големата железна порта да се отвори и да ја видам Нина, но моментот се одолговлекуваше.
Затоа викнав на цел глас: ‘Душо, планираш да дојдеш?
Поминаа уште неколку мигови и Нина не ми одговори, па им реков на присутните: ‘Изгледа не сака да се омажи за мене, ајде ако некој друг сака да ја замени’.
Во совршен момент Нина викна: ‘Доаѓам’ и останав воодушевен кога ја видов за првпат во бел фустан“ – вели тој.
Инаку, Нина и Џеј се запознале во 2015-та година во бар во Лос Анџелес. По пет години забавување актерот ја запросил својата девојка додека биле на патување во Бали, а заедно ја имаат и 2-годишната ќерка Нора.