Настаните од свадбите кои се гледаат на филмовите не ги има само таму. Се случуваат и во реалноста. Неколку такви памети и градот на Морава. Имено, со години во Чачак се раскажува како невестата побегнала од свадбата за тапанарот од бендот кој ги забавувал гостите. Памети како гром удрил во ресторанот во кој се одржувала веселбата и ги растерал свадбарите, како полицијата морала да ги раздвои скараните пријатели и притоа привела триесетина лица…
Но, еден настан кој може да се класифицира под категоријата „Неверојатно“ сигурно ќе остане во сеќавање, кога младоженецот ги пронашол својата невеста и кумот на свадбената веселба во многу интимна поза. „Новости“ пишува дека вознемирениот младоженец веднаш им се обратил на гостите на свадбата што се одржувала во еден од рестораните во Чачак.
– Драги гости, ве молам земете си ги подароците и одете дома. Затоа што невестата побегна од свадба, а за кумот, кој штотуку не венчаше!
– Свадбата течеше според планот. Венчавката заврши. Невестата отиде во својата соба да се пресоблече. Бидејќи ја немало долго, младоженецот отишол да ја бара. Кога ја отворил вратата од собата, имало што да види. Неговиот избран кум лежел со сопругата на креветот. Биле, во најмала рака кажано, многу блиски – изјавил тогаш еден од гостите на неуспешната свадба.
– Младоженецот потоа ги исфрли двајцата од ресторанот, а потоа се обрати на гостите на свадбената веселба и ги замоли да си одат дома… Така заврши прославата… Несреќните домаќини мораа да ги платат сите трошоци во ресторанот, иако вечерата не беше не беше ни послужена.
Со чудење, без зборови, гостите се собрале и го оставиле овој чачанец да тагува за својот животен избраник.
Често се случува свадбарите да се скараат, најмногу поради музика. Најжестоката тепачка се случила кога биле приведени дури триесет лица, меѓу кои десет жени. Не е редок случајот поради прекумерно пијанство младоженецот да не го чека крајот на веселбата со свадбената веселба, а во последно време тоа се случува и со невестите…