ДЕЦАТА ПОРАСНАА, ЏОРЏ СТАРИ, АМАЛ ВООДУШЕВИЛА СО СВОЈОТ ИЗГЛЕД: Семејството Клуни ужива на летен одмор (ФОТО)

by Тони Зографски

Сопругата на Џорџ Клуни, Амал повторно воодушеви со нејзиното модно издание, облечена во винтиџ црвен и крем мини фустан на Валентино додека се качувала на брод со своите близнаци.

Таа со прекрасниот фустан споила чанта Valentino Garavani. Таа се заштитила од сонцето со огромна сламена капа и темни очила за сонце, а носела кремасти еспадрили со полна пета.
Еспадрилите во комбинација со облека од летни ткаенини совршено се совпаѓаат, а тоа го докажаа и дамите од кралските дворови (меѓу другите, британската миленичка Кејт Мидлтон и шпанската кралица Летиција).

This image has an empty alt attribute; its file name is georg-kluni-768x1024.jpg

Она што на сите им оставило впечаток, иако брачната двојка ги штити децата од папараците, е тоа што пораснале преку ноќ. Џорџ и Амал и понатаму поголемиот дел од времето го поминуваат на езерото Комо во Италија, па овој пат заминале на патување во близина на нивниот имот.
Исто така, она што на сите им падна во очи е фактот дека Џорџ наеднаш остарел, па на мрежите се пишува дека татковството во шестата деценија не му е баш лесно.

останати вести