Иако оваа афера е далеку во минатото, актерот Џон Малкович се потсети на соработката со поранешната колешка Мишел Фајфер, како и на аферата.
Имено, тие двајца глумеа во познатото филмско остварување „Опасни врски“, но подоцна се воспостави дека глумата се преточила во реалноста. Кратката, но моќна афера на оваа двојка ја шокираше американската јавност во тоа време и доведе до распаѓање на бракот на Џон Малкович со Глен Хедли. Тогаш неговата сопруга во нивниот однос го окарактеризира Џон како „корен на секое зло“.
Режисерот на „Опасни врски“, Стивен Фрирс, потврди дека Џон Малкович имал афера за време на снимањето на филмот, но исто така за „Њујорк тајмс“ објаснил дека врската била целосно поразителна, а притоа филмот се однесувал на неверствата, лагите и растурањето на врските.
Кокетната Фајфер била фатална за Џон Малкович, но како што самиот нагласи, тој повеќе не размислува за неа.
Во една прилика, за магазинот „Ролинг Стоун“ изјави: „Тешко е да се поверува дека некогаш Мишел Фајфер ме поздравила“.
Улогите на Џон Малкович секогаш се вртеа околу истата тематика, тој најчесто глумеше проблематични ликови, егоисти, ексцентрици и превртливи луѓе. Многумина неговите улоги ги поврзуваа со вистинската природа на актерот, па дури тие црти на личноста ги препознаваа во неговата афера.
Иако пропаѓањето на неговиот брак го поврзуваа со снимањето на филмот „Опасни врски“, многумина тврдат дека неговиот брак не пропаднал поради врската со познатата актерка, туку двајцата сопружници, наводно, имале проблеми уште пред неговата врска со Фајфер, односно двајцата партнери биле со други луѓе.
По разводот од Џон, Глен се омажи за Бајрон МекКалох, со кого се запозна во 1992 година и беше во брак сè до нејзината смрт во 2017 година. Двојката има едно дете.
Од друга страна, Џон по разводот и неуспешната врска со Мишел Фајфер најде утеха во неговата долгогодишна партнерка Николета Перјан која ја запозна во 1989 година, а се заедно и ден-денес.