Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, скршил рака по пад од велосипед.
Тој на својот Фејсбук профил објави дека паднал од велосипед, но дека се е во ред и денеска им се враќа на обрските.
-Кај нашиот народ обично се вели “крши нога” за среќа и успех. Вчера попладне спортувајќи, по пад од велосипедот имам скршеница на раката. За среќа повредата не е сериозна и веќе утре им се враќам на работните обврски. Благодарност до лекарскиот тим и сите кои се грижите за мене. Благодарност и до отец Дејан Апостоловски и неговата сопруга, кој беа во моментот на мојата несреќа и ми помогнаа, напиша министерот.