Натали Портман во интервју за „The Sunday Times Syle“ откри дека се чувствува непријатно затоа што била сексуално злоставувана во филмовите како тинејџерка.
Првото филмско појавување го имала на 13-годишна возраст, кога ја играла Матилда во филмот „Леон професионалецот“ од 1994 година.
„Дел од тоа доаѓа од самите улоги и начинот на кој се напишани. Се сеќавам, имав околу 13 години и го прочитав описот на филмот во кој глумав, а во него беа спомнати моите гради“, изјавила Натали.
Таа откри и дека применувала некои одбранбени механизми поради тоа, како на пример одбивање улоги кои вклучуваат секс.
„Не сакав да ги играм тие улоги затоа што не сакав да се претставам така. Ми се чинеше дека тоа е позиција каде што ќе бидам ранлива и каде што нема да ме почитуваат“, објасни таа.
Натали била пријатно изненадена кога ја замолиле да оди на аудиција за улога во „Thor: Love and Thunder“.
„Тоа е сосема невообичаено. Одлично е што ме замолија да се здебелам за филмот затоа што трансформациите за актерките обично значат што повеќе да ослабат“, рече таа.