На социјалната мрежа Твитер беше објавено видео од тепачка во морето, кое наведе многу корисници да помислат дека тоа се случило во Паралија – најпопуларното летувалиште на Србите во Грција.
Жена во црвено бикини прво влезе во конфликт со маж, а потоа втрча друга жена во темен костим за капење – а потоа настана хаос. Двете жени почнале да се караат, а најлошо од се е што покрај нив имало дете во гума на кое веќе никој не обрнувал внимание.
И покрај тоа што не се знае дали на видеото има Срби или каде е снимено, многумина во коментарите се пошегуваа на сметка на оние кои летуваат во Паралија.
„Припадниците на небесниот народ… колоризирано“, „Виде ли како жената го брани мажот?“, „Тука ниту ајкули не би смееле да се вмешаат“, „Еве зошто не треба да се оди на море со жена“, биле само дел од многубројните коментари кои се нашле под видеото.
Конечно, и покрај тоа што изгледа смешно, оваа ситуација е сепак опасна и неприфатлива – како што се сумираше во еден од коментарите.
„Ми се чини дека ова е морничаво! Го ставија детето во опасност! Додека стоката се движи, малиот можеше струјата да го одвлече во длабочина и потоа што“, праша корисникот – и тоа се прашуваме и ние.
https://twitter.com/i/status/1546723062409732096