“ЌЕРКИТЕ И ТАТКОВЦИТЕ ДЕЛАТ ЕДНО СРЦЕ“: Снежана Лупевска Созен скршена од болка по смртта на нејзиниот татко

by Тони Зографски

Новинарката Снежана Лупевска Созен вчера преко својот Фејсбук профил ја објави тажната вест дека нејзиниот татко починал.

„Велат таткото е првиот пријател што го среќаваш во животот и дека ќерките и татковците делат едно срце. Татковците се супер-херои, водичи во животот.

Мојот татко беше сето тоа и многу повеќе. Смирен, но и силен, тивок, но и решителен, за мене татко од најубавата сликовница, мојот Супермен. Со сето ова не сфаќав дека старее, дека еден ден може да не биде со нас, затоа што никогаш не се жалеше и сè можеше сам.

За жал, сега го напушти овој свет, но знам дека месечината не свети залудно толку силно вечерва. Од таму горе, од небото широко отворено за него и понатаму ќе ме следи и сака. Почивај во мир татко“, напиша Лупевска на Фејсбук.

 

 

 

останати вести