ВАШ ПСИХОЛОГ: Да се ставите себеси на прво место не е себично

by Тони Зографски

М-р Калиа Поповска

советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето

Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/

Instagram: kalia.therapylondon

 

Фокусот на себе не значи “Јас сум поважен од сите други.”

Може да се фокусирате на себеси без да бидете арогантни или егоцентрични, без да ги омаловажувате и изневерувате другите. Не дозволувајте идеата за “грижа за себеси” другите да ја извртат во “себичност.”

Да се сакаш себеси не е лесно. Тешко е да се откажете од желбата секогаш да им се допаднете на другите и да не се чувстувате како себична личност затоа што ви треба време за себе.

Полесно е да покажеме сочувство за другите отолку сочувство за себе. Сочувството за другите е поврзано со еволуцијата и социјалната благосостојба – нашите предци требало да бидат општествено прифатени во племето за да преживеат.

Самосочувството е асоцирано со поголема персонална благосостојба. Индивидуите со повисоко самосочувство се ментално поздрави и имаат помалку депресија што придонесува за подобри односи со другите и подобро општо здравје.

Кога ќе покажеме сочувство за себе ние си го нудиме истото сочувство како кон близок пријател. Тоа не вклучува критика, осудување туку прифаќање – да си кажете дека е во ред кога нема да успеете или ќе згрешите наместо да се “камшикувате” и обвинувате.

Недостаток на самосочувство се појавува поради надворешните фактори, групните вредности и норми. Внатрешни причини се:

– секогаш ги ставате другите на прво место

– минати трауми, искуства од детството

– не знаете како да практикувате самосочувство на здрав начин

– чувство дека не заслужувате самосочувство

Самосочувството значи љубезност кон себе, прифаќате дека не сте совршени и никој не е.

– топли сте кон себе, се разбирате и прифаќате кога ќе направите грешка или нема да успеете

– се фокусирате на она што е во ваша контрола наместо да се осудувате и критикувате

– не се лутите на светот, разбирате дека животот некогаш функционира “вака”

Самосочувството значи свесност наместо негативен само-разговор. Негативните емоции може брзо да нé завладеат и да се најдеме во нивната спирала. Можноста ментално да

ги “видиме” нашите мисли и да ги почувствуваме нашите емоции и да не се вклучиме во негативната спирала е дел од грижата за себе.

За да станеме посамосочувствителни треба едноставно да вежбаме. Животот е многу подобар кога кон себеси се однесуваме со нежност, со грижа и разбирање:

– охрабрете се

– вежбајте простување, простете си

– напишете си писмо

– медитирајте

– создадете дневна навика за благодарност

– станете свој најдобар пријател

Самосочувството овозможува да се однесуваме кон себе како што би се однесувале кон пријател.

И најважно, секој ден подарете си прегратка.

 

останати вести