Со убавината ја надминала и својата славна мајка: Ќерката на Моника Белучи заблеска на ревијата на „Dolce & Gabbana“

by Тони Зографски

Дева Касел е ќерка на славните Моника Белучи и Венсан Касел, а сега ја засенила и својата мајка појавувајќи се на ревија, правејќи вистинска бајка на Сицилија.

Дева одамна тргнала по стапките на својата позната мајка, а од неа ја наследила и убавината.

Дева Касел одамна тргнала по стапките на својата позната мајка, а од неа ја наследила и убавината.

Меѓутоа, таа сега едноставно ги воодушевила присутните на ревијата на „Dolce & Gabbana“.

Познатите дизајнери ја претставиле својата нова колекција и по тој повод собрале многубројни светски ѕвезди. Целиот тој спектакл се одржал на Сицилија, а Дева Касел била една од манекенките која прошетала и сите ги оставила без здив со фустанот којшто го облекла.

Дева носела фустан од чипка кој имал и корсет со посебни детали, а поради тоа што материјалот бил проѕирен, под чипката носела црна долна облека. Сите покрај нереалната креација која ја носела манекенката, ја коментирале и неверојатната убавина на Дева која ги восхитила.

Оваа ревија била круна на целата визија на познатите дизајнери, а нив како и секогаш ги краси раскошот и претерувањето.

„Тоа не е само облека, тоа се два метри бисери, набори. Тоа не е само еден фустан – тоа е стил на живот“, изјавил Долче пред почетокот на спектакуларната ревија.

Инаку, оваа колекција е инспирирана од Сицилијанките, а меѓу гостите биле и Хелен Мирен, Шерон Стоун, Мараја Кери.

Дева има и помлада сестра Леони, а сестрите неретко поминуваат заедничко време со нивниот татко и неговото ново семејство.

.

 

останати вести