Џенифер Лопез која има 53 години изгледа неверојатно младолико.
Всушност, за неа како времето да застанало пред 20-тина години. Иако многумина се уверени дека тајната на нејзиниот младешки изглед е во скапите третмани и производи кои ретко која жена може да си ги дозволи, Џеј Ло тврди дека одличниот изглед е резултат на начинот на живот и одредените навики до кои задолжително се придржува уште од 20-те години.
Исто така, пејачката вели дека и генетиката одиграла голема улога.
„Морам да признаам дека имам добра генетика. Мојата мајка и баба имаа прекрасна кожа, а со самото тоа и јас имам среќа“, открила Лопез во една прилика.
Добро е познато дека Џенифер редовно вежба и внимава на исхраната. Таа вели дека не заминува на спиење без темелно чистење на лицето, по што нанесува ноќна крема. Лицето темелно го чисти и секогаш по вежбање.
Латино дивата не консумира алкохол, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон за неа прави чуда, па така редовно спие барем 8 часа.
Води грижа секогаш да пие доволно вода, да јаде доволно свежо овошје и зеленчук и преку суплементи да внесе доволно од сите потребни витамини и минерали.
Кога станува збор за нејзината кожа, пред секој важен настан задолжително користи хидратантна маска за лице, а никогаш не излегува без крема со заштитен фактор која ја користи уште од 18 години.
„Тоа е една од моите најголеми тајни која повеќето не ја сфаќаат сериозно. Нашата кожа секојдневно проаѓа низ оштетувања, не само од сонцето, туку и од околината. Морате да бидете свесни за тоа и да се заштитите“, порачува Џеј Ло.