Светската музичка ѕвезда Адел е „фатена“ од папараците на Беверли Хилс додека одела на вечера со момчето Рич Пол.
Но, она што го привлече вниманието на многумина беа нејзините невообичаено зголемени усни, поради што многумина шпекулираа дека пејачката вбризгувала филери.
Пејачката со Пол била во грчко-медитеранскиот ресторан Авра, а за таа прилика се облекла во црно, додека Пол носел бела маичка со кратки ракави над која има сив дуксер.