Градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа, на социјалните мрежи сподели фотографија од кожената топка која му го спасила животот на 30-годишниот Иван од Македонија кој цели 19 часа се држел до неа и се опирал на големите бранови за да остане на површината.
„Многу се радувам поради среќниот крај на младиот човек. Нашол топка која му го спасила животот бидејќи ја држел за да се одмори“, напиша таа во својата објава
„Топката која ќе ја памети вечно, по она што го помина. Младиот човек е во болница, како и неговиот 25-годишен пријател, кој прв беше спасен. Двајцата размислуваат за 28-годишниот кој останува исчезнат на Халкидики. Третиот од групата, кој според информациите без да знае да плива се нурнал на опасно место, по роденденската забава“, пишуваат грчките медиуми. Според медиумите, Иван бил најден на 25 километри од копното.
Иван вели дека пиел вода од морето, но неговата здравствена состојба не предизвикува загриженост. Останува во болница на Халкидики и се обидува да се смири. Прашува за 28-годишникот кој е исчезнат, но засега нема добри вести. Со секој изминат час надежта сè повеќе се намалува.
– 30-годишниот Иван пристигна во болницата видно дехидриран, но неговата многу добра физичка кондиција и фактот дека е искусен пливач му го спасиле животот. Секако, голема улога имала и топката што ја нашол, која го одржувала на површина. И тој одлично се снашол со ситуацијата, односно воопшто не се заморил и не дозволил морските струи да го „поведат“ со себе, бил прилично мирен – вели Халкиа.
По третото момче Мартин, сѐ уште се трага.