Илјадници демонстранти упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка во главниот град Коломбо. Народот со месеци протестира поради најголемата економска криза што ја зафати оваа земја од осамостојувањето.
Демонстрантите ги пробија полициските блокади и упаднаа во резиденцијата на претседателот во главниот град Коломбо. Во петокот, претседателот Готабаја Рајапакса беше отстранет од службените простории заради своја безбедност, велат извори од Министерството за одбрана.
Протестующие на Шри-Ланке купаются в захваченном бассейне президента Готабая Раджапакса pic.twitter.com/8nqzynljFi
— Газета.Ru (@GazetaRu) July 9, 2022
Демонстрантите носеле шлемови и држеле знамиња од Шри Ланка кога упаднале во претседателската резиденција, пренесува британски „Ројтерс“. За време на директниот пренос од Фејсбук, стотици демонстранти можеа да се видат во ходниците и просториите на претседателската резиденција кои извикуваа слогани против претседателот Раџапакса.
Засега е потврдено дека се повредени најмалку 21 лице, меѓу кои и двајца полицајци. Силни полициски сили се уште се на терен и наводно користат водени топови за да ја растераат толпата.
Откако упаднаа во претседателската палата, протестантите открија и голем базен. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како маса луѓе, главно од помладата генерација, го заменуваат народното востание со забава на базен. Мажите скокаат, пливаат, се прскаат…