„Лошото момче на тенисот“,Ник Кирјос годинава се пласираше во финалето на Вимблдон, а очигледно дека голема улога во неговиот успех одиграла и неговата поубава половина – Костин Хаци.
Костин веќе со денови е редовна на трибините на Вимблдон за време на натпреварите во кои игра Ник, а еден поглед кон неа е доволен за да се убедите колку е страстен навивач и колку емотивно го доживува секој поен или грешка на терен.
За тоа колку му значи поддршката од својата избраничка, Ник отворено проговорил и по осминафиналето.
„Имам неверојатна екипа која ме поддржува. Мојот физиотерапевт е еден од моите најдобри пријатели. Мој најдобар пријател е мој агент. Имам најдобра девојка на светот. Имам толку луѓе околу себе и сите тиe се само поддршка“, изјавил тој за новинарите.
Кирјос признал дека умеел да губи многу време на телефон читајќи ги коментарите за своите настапи на големи натпревари, но додал дека покрај убавата Костин научил да се „исклучи“.
„Кога ќе остварите резултат, лесно се врзувате за технологијата и го прочитате сечие мислење за натпреварот, но сега се чувствувам дека сум во состојба да се исклучам од тоа. Тоа е голем дел од мојот раст. Очигледно дека помага фактот дека сум опседнат со својата девојка, но јас сум во состојба да се опуштам, да уживам во вечера и да го одвојам тенисот од животот“, објаснил тој.
Костин присуствува и на тренинзите на Кирјос, а парот неколку пати бил забележан како разменува сончи бакнежи на терен. Таа исто така останала со него и без оглед на обвиненијата на поранешните партнерки на Кирјос за насилствата кои ги претрпеле.
На тенисерот го чека и судски процес на почеток на август, а обвиненијата предвидуваат максимална казна затвор од две години.
Оваа 22-годишна студентка по психологија се забавува со 5 години постариот Кирјос од декември 2021 година, а врската очигледно рапидно напредува поради тоа што парот веќе живее заедно.