Кејт и Вилијам се појавија на хуманитарен поло натпревар во Виндзор, на кој учествувал и принцот, додека Кејт била негова поддршка од страна.
Тимот во кој играше принцот победи, а со тоа и милион долари кои ќе одат во хуманитарни цели. Познато е дека кралицата Елизабета не поддржува покажување емоции во јавност, а бидејќи Вилијам е идниот крал, тој може да воведе некои нови правила кога станува збор за однесувањето на членовите на семејството.
Кејт и Вилијам неодамна се преселија од Лондон во Беркшир, најмногу заради своите деца, за да можат да растат далеку од љубопитните очи на јавноста, а во близина живеат родителите на Кејт Мидлтон.
Она што ги изненади присутните е размена на нежности и емоциите кои двајцата ги покажаа во текот на играта. Тие се бакнаа во образ, и го напуштија теренот прегрнати.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон од самиот почеток ги следат правилата на кралското семејство, па покажувањето емоции во јавност не е дозволено за војводата и војвотката.