Додека Рафаел Надал на Вомблдон се бореше за понатамошен пласман, неговата сопруга Марија Франциска Чиска Перељо беше на трибините во Лондон, каде што првпат го покажа трудничкиот стомак на јавен настан.
Со популарната Чиска беа и сестрата на Надал, Изабела Марија и таткото Себастијан Надал.
Инаку пред почетокот на овој турнир се појави веста дека наскоро ќе стане татко, а тоа го потврди и на вонредна медиумска конференција.