Според науката, британскиот актер Роберт Патинсон е најубавиот маж на светот.
Неговата убавина била проценета со помош на антички грчки метод на пресметување наречен златен пресек. Значи, го одредува физичкото совршенство на една личност. Колку лицето е поблиску до соодносот 1:1.618, толку е личноста посовршена.
„Утврдивме дека Роберт Патинсон е дефинитивно победник откако ги извршивме сите потребни мерења на лицето“, изјавил докторот Џулијан Де Силва во интервју за LadBible.
Лицето на овој актер е 92,15 отсто совршено. На листата зад него се наоѓаат Хенри Кавил (91,64 отсто), Бредли Купер (91,08 отсто), Бред Пит (90,51 отсто) и Џорџ Клуни (89,91 отсто).
Да ве потсетиме, Патинсон во 2020 година првпат беше прогласен за најубавиот маж на светот, а очигледно успеал да ја задржи оваа титула.
Исто така Бела Хадид во 2019 година стана најубавата жена на светот и сè уште никој не ја симнал од тој трон.