Бразилската одбојкарка Ки Алвеш Рамаљо, попознат само како Ки Алвес, е голема ѕвезда на социјалните мрежи.
Таа има 2,3 милиони следбеници на Инстаграм, а неодамна откри дека нејзината најголема заработка доаѓа од социјалните мрежи и од „OnlyFans“, каде ги споделува своите фотографии и видеа.
Сакале или не, тоа ми носи најмногу пари денес. Се сметам за спортист, модел, инфлуенсер, деловна жена и претприемач“, вели одбојкарката во интервју за О Глобо.
На споменатата страна вели дека споделува само фотографии и кадри кои би ги објавила во манекенски магазин. Нема голотија, вели таа.
„Фотографиите што ги објавувам на мојата страница „OnlyFans“ се целосно создадени во професионални сесии. Без голотија или слично. Кој и да го бара тоа на мојот профил нема да ја најде“, вели таа.
„На дигиталните платформи заработувам околу 50 пати повеќе отколку со одбојка. Уште повеќе на „OnlyFans“ бидејќи месечната цена од 16 евра е фиксна“, вели таа.
Ки игра за женскиот одбојкарски клуб „Osasco Voleibol Clube“ кој е со седиште во Осаско, Бразил.
Иако има кариера како инфлуенсер и модел, таа сепак се опишува себеси како професионален спортист.