Поранешната бразилска манекенка, 39-годишната Талита до Вале убиена е во текот на руското ракетирање на Харков во Украина. Како што пишува „Мирор“, Талита била снајперистка која на Јутуб објавувала воени подвизи.
Во текот на нападот загина и Даглас Бурига, поранешен војник на бразилската војска, кој се вратил во бункерот за да ја најде Талита. Другите борци тврдат дека Талита била една од членките на воените сили кои го преживеале првиот ракетен напад.
Се борела и во Ирак против Исламска држава
Борците велат дека имала искуство од претходни судири затоа што се борела во Ирак против Исламска држава. Своите воени подвизи и „авантури“ од Ирак ги документирала на својот Јутуб канал. Во борбите во Ирак, Бразилката поминала снајперска обука и се придружила на воените сили на независниот регион Пешмергам во Ирак.
Таа соработувала со еден книжевник за своето воено искуство да го преточи во книга. Според „Мирор“, Талеита била студент на право која учествувала во спасување животни во невладини здруженија. Кога била помлада, Бразилката работела како манекенка и актерка.
По првиот бомбашки напад на Киев, Талита се јавила во своето семејство и порачала дека не може да разговара долго затоа што руски дронови ја надгледуваат активноста на телефонот. Рекла дека ќе ги побара да им јави дека е добро.
Последен пат разговарале во понеделникот откако Талита се преселила во Харков. Нејзиниот брат Тео Родриго Виера ја опиша како херој и рече дека Талита во Украина била само три недели и спасувала луѓе.