Парчиња стакло од искршените прозорци, бекатон плочки и шишиња по подот – е она што може да се забележи во дел од собраниските простории по синоќешниот протест против францускиот предлог кој заврши пред зградата на Собранието во центарот на Скопје.
Првиот човек на Собранието Талат Џафери преку социјалните мрежи дистрибуираше три видеа од оштетувањата на зградата на Собранието.
Спикерот протестот го нарече дивеење и напиша дека најостро го осудува хулиганството, насилството и поттикнувањето омраза.
„Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение“, напиша Џафери на Фејсбук.