ГРАЃАНИТЕ ГНЕВНИ: Техно-журка во црквата Свети Илија во Дојран (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Журката била организирана во саботата во црквата Свети Илија во Стар Дојран.

Видеата од забавата се појавија на социјалните мрежи, и веднаш ја брануваа јавноста. За едни настанот е скандалозен, за други авангарден, по примерот на забавите во западните земји.

Според информациите што ги објавија локалните медиуми, црквата имала дадено согласност само за одржување на поетски настани и концерти на камерни состави што изведуваат класична музика. Инаку верскиот објект датира од 19 век, но бил разурнат во Првата светска војна, а реновиран неодамна од струмичкиот завод и музеј.

останати вести