“Не верувам дека е точна перцепцијата која се создава во дел од јавноста дека е ова судбинска дилема и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинирала судбината на идните генерации граѓани”, рече претседателот Стевп Пендаровски во денешното обраќање.
“Со одлуката да го прифатиме модификувааниот француски предлог би донеле одлука да ги отвориме преговорите, а знаете дека тие траат со години. Одлуката нема да биде историски триумф ниту историски дебакл.
Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив. Со предлогот ја креваме бугарската блокада и дозволува формално отварање на преговорите. Овозможува скрининг процес и ама баш со ништо не го поткопува македонскиот идентитет.
Засега нема консензус за влез на Бугарите во Уставот.
Убеден сум дека не сме можеле да поминеме повеќе. Не тврдам дека преговорите во изминативе две години не можло да де добие нешто поквалитетно, ама немало да има суштина туку детали”, додаде тој.